ССМ ќе го одбележи Светскиот ден на пристојната работа

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија со низа активности ќе го одбележи 7 Октомври – Денот на пристојна работа.

Планирано е да се одржат промоции, семинари и тркалезни маси посветени на значењето на пристојната работа, сигурните работни места и социјалната сигурност.

– Денес соочени со економски кризи и со опасноста од глобализацијата на капиталот, корпоративната алчност на компаниите и нерамноправната распределба на добивката, ќе го мобилизираме своето членство за остварување на правото на колективно преговарање и синдикално организирање, за сигурни работни места и достоинствени плати, социјална заштита за сите, остварување на темелните човекови права, демократија и социјална правда, безбедни услови при работа, заштита на посебната категорија работници, жени, лица со посебни потреби и здрава животна средина. ССМ и оваа година посветено ќе работи на остварување на Националната програма за пристојна работа 2015-2020, се наведува во соопштението од ССМ.

Според претседателот на ССМ, Живко Митревски, достоинствената работа мора да се заснова врз верувањето дека секое современо општество треба да обезбедува нови вработувања, социјален напредок и развој, достоинствен живот, еднаков третман и еднакви можности за сите за продуктивна работа и личен и општествен развој проследен со достоинствено платен труд и социјална и материјална егзистенција.

Идејата и концептот за пристојна работа произлегуваат од Меѓународната организација на трудот, промовирани во 1999 година, на 87. Меѓународна конференција на трудот. Идејата за пристојна работа е прифатена на Светскиот самит на Обединетите нации во 2005 година, а потоа и од Економско-социјалниот совет на Обединетите нации (ЕЦОСОЦ) во 2006 година. На Светскиот социјален форум одржан во Најроби е покрената кампања „Пристојна работа, достоинствен живот“ и 7 Октомври е погласен како Светски ден за пристојна работа.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Пробиштип

Ристески: Работниците немаат никакви права во приватниот сектор, со овој притисок ќе избегаат од Македонија

Горан Наумовски

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Македонија 98.416 лица се невработени, a 691.736 се вработени

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Филипче: Најразочарани од работата на Владата во првите три месеци се работниците

A1on