ССК: Унапредување на соработката – Градежна комора и Град Скопје

Од:

Градежната комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), оствари средба со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Ова е прва официјална средба на иницијатива на Градежната комора, на која беше потенцирана потребата од меѓусебната соработка и редовни состаноци за континуирано унапредување на јавно-приватниот дијалог.

На средбата се дискутираше за зајакнување на соработката, подобрување на административните процедури и постапката за издавање на одобренија за градба, како и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите на ниво на град Скопје. Исто така, на состанокот беше искажана потребата од заедничка работа за креирање поволни услови за бизнис секторот и општински развој.

Градоначалникот ја истакна отвореноста за соработка и ги информираше компаниите за идните потенцијални инфраструктурни проекти како основа за планирање на инвестициите во градежниот сектор кои треба да се имплементираат по европски стандарди со особен акцент на заштита на животна средина.

Градежната комора на Македонија каде членуваат реномирани компании даде особен акцент на важноста од изградба на еко домови и следење на најновите светски трендови што значи долгорочна заштеда на енергија и пари. На состанокот беше предложено да се формираат бизнис клуб на ниво на Град Скопје кој ќе работат на решавање на тековните проблеми и зголемување на активностите во делот на општествена одговорност на компаниите од секторот градежништво.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ