ССК со позитивни очекувања за 2013 година, но со барање за поскоро донесување на Буџетот

Од:

Очекувањата на Сојузот на стопански комори на Македонија за следната година се позитивни, но оттаму се загрижени поради можноста од недонесување на буџетот за 2013 година.

Апелираат деблокирање на работата на Собранието и побрзо донесување на буџетот за наредната година бидејќи во спротивно сметаат дека стопанството ќе има големи последици.

– Ставот на Управен одбор на ССК е дека буџетот треба да се донесе до 31 декември бидејќи тој е од значајна улога за функционирањето на државата и целото стопанство. Советуваме да се разговара за оние амандмани кои се конструктивни, а оние кои се поднесени само за блокада на буџетот разумно да се тргнат и да се деблокира процесот затоа што македонското стопанство ќе има несогледливи последици со недонесувањето на буџетот, изјави претседателот на ССК, Златко Калеников по седницата на Управниот одбор.

Посочи дека доколку буџетот не биде донесен до крајот на годината ќе се намали ликвидноста на компаниите, повратот на ДДВ и ќе бидат закочени сите активности во стопанството.

Временото финансирање на буџетот, според Калеников, ќе ги заглави сите започнати проекти и ваквата мерка во моментот не и е потребно на државата.

– Оваа мерка е легитимна, но нема никаква развојна компонента. На Македонија во овој момент тоа и е најмалку потребно, истакна Калеников.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати