Српскиот динар на нов историски минимум во однос на еврото

Од:

Вредноста на српскиот динар денеска е намалена за дополнителни 0,1 процент, со што тој достигна нова најниска вредност во однос на еврото од воведувањето на зедничката европска валута.

Според средниот курс на Народната банка на Србија, едно евро денеска чини 112,5775 динари.

Во обид да ја одржи стабилноста на курсот на српскиот динар, од почетокот на годината НБС на меѓубанкарскиот пазар продаде вкупно 783,5 милиони евра, при што само во текот на април пласираше 210 милиони.

Годинава динарот беше најсилен на 11 јануари кога едно евро чинеше 103,6922 динари.

Со денешниот пад на вредноста, српскиот динар на месечно ниво ослабе во однос на еврото за 0,9 отсто, а на годишно ниво за 11,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија