Средба со земјолците од Прилепско за органско производство

Од:

Во организација на Швајцарската програма за зголемување на вработливоста во Македонија, денеска во Прилеп со земјоделците од регионот се одржа информативна средба за органско земјоделство.

Според Игор Мишевски, менаџер за зелена економија при Швајцарската фондација за техничка соработка, органското земјоделство и органското производство на земјоделски производи има нагорна линија, но се уште не е на нивото на европското.

– Целта е земјоделците да добијат повеќе информации за можностите за органско производство, за пласманот на органските производи, пристапот до средства како што се: семиња, препарати, па и до пристапот на пазарот каде може да ги пласираат производите. Во Македонија во моментов се преку 650 органски производители, а последните две години има зголемен пристап до органски препарати. органското производство е во пораст иако претставува само еден до два насто од целото производство во земјава. Во европските држави, тој процент е околу десет отсто. Пазарите во ЕУ, во Швајцарија се отворени за пласман, а веќе имаме примери за пласман на органски производи во Швајцарија и во Германија. затоа, овие информативни средби се за зголемување на свесноста кај производителите да почнат со органско производство, вели Мишевски.

Бобан Димовски од „Балкан биопсерт“, агенција за сертификација за органско производство вели дека не е проблем сертификацијата која ќе овозможи пласман на македонското органско производство на странскиот пазар, зашто од државата земјоделците веќе добиваат субвенции.

– Државата субвенционира половина од сумата потребна за сертификација на органското производство. Ние поседуваме и меѓународна акредитација, така што не е проблем и земјоделците треба да ја искористат секоја можност во областа на органското производство и пласманот на странските пазари. Ги сертифицираме сите земјоделски дејности: сточарството, поледелството, производството на мед. Пред две години имаше извоз на органски грав и јапонско јаболко во Швајцарија, во моментов се преговара за извоз на градинарски производи. Можностите за органско производство се големи, вели Димовски.

Информативни сесии со земјоделците а органско производство ќе се одржат во целата земја.

Би можело да ве интересира

Шпиц во наводнувачката сезона, земјоделците бараат повеќе вода и ред при наводнувањето

Надминат проблемот со наводнување на земјоделските површини во Овче Поле

Оризовите ниви во Кочанско половина месец оставени без вода, земјоделците протестираат

Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип – Велес

Горан Наумовски

Земјоделците од Овче Поле утре излегуваат на протест

Националната мрежа на земјоделци бара итна средба со Владата за цената на житните култури