Средба Заев – претставници на КФВ банката за поддршка на развојот: Развојните инфраструктурни проекти носат заштеда за семејните буџети на граѓаните

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска во својот кабинет ја прими делегацијата од банката КФВ за подршка на развојни проекти во сопственост на германската влада, предводена од Кристоф Дискенс, директор на групацијата за Југоисточна Европа и Турција. На средбата присуствуваше и заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Марко Акватичи, како и советникот за економија на премиерот, проф. д-р Ванчо Узунов.

На средбата, претставниците од банката КФВ го информираа премиерот Заев за тековните проекти кои се реализираа во Република Македонија со поддршка на банката, во однос на водоводните системи, пречистителни станици, како и на други инфраструктурни проекти.

Во фокус на средбата беше можноста за воспоставување на систем за централно греење во Битола, односно изградба на цевковод од РЕК Битола до градот, со што, во првата фаза на овој проект, ќе се воведе централно греење во јавните социјални и образовани институции како градинки, училишта и болници.

На средбата, исто така, премиерот Заев, истакна дека Владата на Република Македонија е отворена за соработка со германската владина финансиска групација КФВ за изградба на канализациони системи, во помалите и поголеми рурални средини во земјата.

Премиерот Заев, на средбата истакна дека развојните проекти што ги поддржуваат програмите на оваа банка се инвестиции кои имаат потенцијал да го зајакнат и зголемат бруто домашниот производ и дека овие проекти се секогаш во интерес на граѓаните, и дека, во крајна линија, ќе придонесат за заштеда во домашните буџети.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто