Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Борис Тунџев денеска ќе има работна средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во врска со намалувањето на надоместоците во тарифниците.
На средбата, како што соопштија од Агенцијата за катастар на недвижности, ќе стане збор и за постигнатите резултати во изминатиот период.