Средба Влада – ЕБОР, интерес за поддршка на приватниот сектор

Од:

Премиерот Зоран Заев со економските министри денеска се сретна со претставници од Европската банка за обнова и развој кои пројавиле интерес и подготвеност за помош и поддршка на приватниот сектор во Македонија.

Поддршката би се реализирала преку финансиски проекти што вклучуваат развој и едукација на капацитетите на компаниите, поддршка на инвестициите во инфраструктурата, како и експертска помош во законодавството којашто се однесува на економскиот напредок на земјата.

Владината прес-служба соопшти дека премиерот Заев истакнал оти Владата е силно ориентирана кон развој на економијата во Македонија, отворањето нови и подобро платени работни места и финансиска стабилизација на семејствата.

– Затоа ги разгледуваме и ги земаме предвид сите можности во нашата определба да го помогнеме развојот на домашните компании. Свесни сме дека отворањето на евро-атлантските перспективи ќе биде силен поттик и за странски инвестиции и затоа работиме на интензивна реформска агенда што ќе ги обезбеди, рекол Заев.

На средбата, како што се посочува во соопштението, констатиран е поттик на позитивна клима и енергија од новата Влада за развој на државата.

Покрај премиерот Заев, на состанокот присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Од страна на Европската банка за обнова и развој присуствуваа потпретседателот Пиер Хелборн, помошник директорот Олег Левитин, регионалниот директор за Западен Балкан, Холгер Муент, извршниот директор за Македонија, Франс Векерс и директорката на ЕБРД во Македонија, Анка Јоана Јонеску.

Од двете страни изразена е и волја за продолжување на соработката преку проекти што можат да придонесат во подигнувањето на животниот стандард на македонските граѓани.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами