Во организација на Словенечката амбасада денеска и утре во Скопје ќе се одржи средба на словенечки и македонски блу чип компании.
Од Амбасадата најавуваат учество на претставници од најголемите компании од двете земји, како и општа промоција на словенечката и македонската економија.
На средбата, велат од Амбасадата, претставници од двете земји ќе разговараат за продлабочување на соработката и пронаоѓање можности за соработка со препознавање на потенцијалите за нејзино зајакнување.