Средба на Сарачини со хрватските компании присутни во Македонија

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска одржа работна средба со хрватските компании што со своите производи и услуги се присутни на македонскиот пазар, предводени од амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија Златко Крамариќ и претставници од Амбасадата.

Повод за средбата со претставниците на „ТДР“, „Краш комерц“, „Кроација осигурување“, „Кроација животно осигурување“, „Бадел“, „Јана-Јамница“ и „Анска Река“ се новите услови во трговијата и инвестициите кои произлегуваат од членството на Република Хрватска во ЕУ, со оглед дека во примена стапија правилата и условите според ССА, наспроти оние кои важеа во рамки на ЦЕФТА Договорот.  Министерот за економија побара од стопанствениците да дадат свои сугестии и предлози за премостување на новонастанатата ситуација и подобрување на условите во трговијата и економската соработка, воопшто.

Клучните предлози на деловните субјекти беа во насока на поддршка на извозот преку мерки што ќе ги поддржи Владата на Република Македонија, а ќе најдат свое место во актуелните владини програми, како и поголемо искористување на квотите во рамки на ССА.

Целта на овие предлози е да се намали можноста за увоз со полна царина, кој би паднал на товар на потрошувачите, бидејќи би довел до повисока цена на производите од Хрватска присутни на македонскиот пазар, а со тоа и намалување на нивната конкурентска позиција. Можните мерки за поддршка би придонеле хрватските компании присутни во Македонија да го задржат процентуалното учество на македонскиот пазар на оние производи кои се традиционално добро позиционирани на пазарот, во рамки на трговската соработка меѓу двете земји.

Министерот Сарачини го поздрави овој конструктивен состанок, на кој имал можност лично да се запознае со размислувањата на бизнисмените, барајќи од нив своите предлози и официјално да ги достават до министерството, како би уследила подетална заедничка анализа.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана