Средба на претседателот Заев со претставници на Светска банка

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од Дејан Павлески, претседател на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, се сретна со Еугене Гуренко, претставник на Светска банка, придружуван од Маријана Лемиќ-Сарамандиќ и Надица Јовановска Бошковска, претставници на проектот Европа Ре, финансиран од Светска банка, за заштита од катастрофални ризици.

На средбата се разговараше за достапната помош од Светска банка на државата и на општините во услови на природни непогоди со несакани последици.

-Неподготвеноста на државните институции да се справат со ризиците и последиците од поплавите со катастрофални последици во Скопје како и земјотресите што го погодија скопскиот регион е алармантна потврда дека на Македонија и е потребен далеку посериозен пристап во справувањето со несаканите последици од можните природни непогоди. Граѓаните страдаат, а властa свесно не ги користи ваквиот вид проекти бидејки се транспарентни, нешто што не е карактеристика на оваа неодговорна власт, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ Заев го поддржа проектот на Светска банка за заштита од природни непогоди и ризици и рече дека државата во иднина мора сериозно да се отвори кон ваков вид проекти што се од посебен интерес за граѓаните.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ