Средба на министерот Сарачини со претставници на градежни компании

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска во Сојузот на стопански комори ќе има средба со претставници на градежни компании и со претседателот на Градежната комора Сеад Кочан.

На градежниците ќе им бидат презентирани придобивките од правилниците за енергетска контрола и за енергетски карактеристики на зградите.

Со правилниците за енергетски карактеристики на згради и за енергетска контрола објавени на 4 јули по направените измените во Законот за енергетика, Република Македонија ја постави основата за воведување стандарди во делот на потрошувачка на енергија во објектите. На овој начин се приближува кон остварување на целите за енергетска заштеда на национално ниво и рамноправно со земјите од Европската унија ќе има исти стандарди кои се дел од директивите на ЕУ.

Правилникот за енергетски карактеристики на згради ги промовира подобрувањата на енергетските карактеристики на зградите и се однесува на нови градби или градби кои ќе подлежат на значителна реконструкција, а се опфатени едносемејни или повеќесемејни згради за домување (до два стана), станбени, административни и комерцијални згради, хотели и ресторани, згради во образовниот и здравствениот сектор, згради за спортски и културно-уметнички активности итн.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана