Средба на компании од Прилеп и Кавадарци

Од:

Стопанствениците од регионалните стопански комори на Прилеп и Кавадарци, во кои се и компаниите од Крушево, Долнени, Кривогаштани, Неготино и Росоман, во Прилеп одржаа средба за тековните проблеми и можната соработка на регионите и компаниите. На средбата беа и градоначалниците на Кавадарци, Александар Панов и на Прилеп, Марјан Ристески.

Според Симон Наумоски, претседател на Регионалната стопанска комора на Прилеп, денеска се дискутираше за соработката на компаниите од двата региона, за големото значење на магистралниот гасовод, но и за проблемите што ги предизвикува политичката криза во земјава.

– Кризата влијае на производството, на пласманот на производите и ја чувствуваат пред се компаниите кои пласираат на домашниот пазар. Меѓу закучоците кои ќе бидат упатени до Стопанската комора на Македонија, а таа ќе ги проследи до државните институции, е и барањето побрзо да заврши политичката криза и стопанството да се врати во нормалните текови. Двата региона ги погоди неодамнешниот задоцнет мраз и направи големи штети што неопходно укажува земјоделците повеќе да го осигуруваат родот и да добијат флексибилност кај осигурителните компании кои не сакаат да осигуруваат од измрзнување, рече Наумоски.

За Игор Мицев од Регионалната стопанска комора на Кавадарци, ликвидноста е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат компаниите.

– Причината е во немањето средства компаниите да ги остварат плановите за работењето и развојот, рече Мицев.

На средбата се разговараше и за тоа дека се подобрува бизнис конкурентоста на целиот регион со изградбата на новата патна инфраструктура и гасификацијата. Беше посочено дека ннајголем бенефит од гасот ќе има стопанството и оти во Кавадарци големите компании се подготвуваат да се приклучат.

– Бенефитот од гасот ќе значи многу за стопанството, пред се од аспект на намалување на трошоците на сите субјекти кои ќе бидат поврзани, а долгорочно и за домаќинствата и сите граѓани кои нивните потреби ќе ги задоволуваат со овој евтин енергенс. Гасоводот веќе го помина Кавадарци и во тек е постапка на директно приклучување на гасоводот на одредени компании како „Дрекселмајер“ и „Фени индустри“, тука секако е и компанијата „ИГМ“. Во втората фаза ќе бидат поврзани сите останати стопански субјекти, а гасификацијата на домаќинствата ќе оди преку давање под концесија на мрежата, процес кој ќе го води државата. истакна градоначалник на Кавадарци Панов.

Тој посочи дека средбите како денешната продонесуваат да имаме поголема поврзаност и соработка помеѓу регионалните стопански комори.

Прилепскиот градоначалник Ристески речедека има доста можности за подобрување на релациите помеѓу компаниите од двата региони и додаде дека локалните самоуправи веќе имаат одлична соработка на повеќе полиња.

-Задоволство е денеска што по втор пат се организира една ваква средба на регионалните стопански комори. Разговаравме околу тековните проблеми на локалните економии, можноста за соработка на бизнис секторот од Тиквешијата и овој дел на Пелагонија. Сакам да потенцирам дека се зголемува конкурентноста на целиот овој регион за привлекување на домашни и странски инвеститори со изградбата на експресниот пат кој води преку Плетвар и гасификацијата, рече Ристески.

Вакви средби во иднина ќе се ворганизираат и со другите стопански комори од другите градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп