Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Од:

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел, известија од НБРМ.

– На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки.

Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем, се вели во информацијата од Народна банка.

Би можело да ве интересира

Славески: Народната банка мора да добие алатки за контрола на банкарските надоместоци

Славески: Зголемувањето на надоместоците во платниот промет не е оправдано, банките да ги преиспитаат своите одлуки

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Славески: Нема да поднесам оставка

Дијалогот за платите треба да се води според мерливи показатели, а не според анкети – гувернерот по протестот на ССМ

Катерина Ѓуровски

Славески: Финансиската стабилност е обезбедена, девизните резерви стабилни