Средба меѓу ЕДС, PPC и Регулаторната комисија за енергетика: Зајакната доверба и визија за стабилен енергетски пазар

Од:

Главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски заедно со заменик главниот извршен директор на PPC задолжен за продажба, Џорџ Каракусис денеска во просториите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги остварија средба со претседателот на Комисијата, Марко Бислимовски.

Средбата претставуваше можност за продлабочување на дијалогот меѓу институциите и енергетските компании со заедничка цел – стабилен, транспарентен и предвидлив енергетски пазар.

ЕДС повеќе од 13 години е активен и доверлив снабдувач со електрична енергија, обезбедувајќи енергетски решенија за голем број компании од различни индустрии. Со својата работа, компанијата не само што обезбедува сигурно снабдување за клиентите, туку индиректно придонесува и за нивниот развој и раст, како и за стабилноста на поширокиот економски систем. Како дел од PPC Group, ЕДС ги комбинира своето локално искуство и експертиза со силната поддршка на една од најголемите енергетски компании во регионот.

Генералниот директор на ЕДС додаде дека компанијата ќе продолжи да инвестира во понатамошно приближување на клиентите до современи енергетски решенија.

Со оваа средба уште еднаш се потврди дека ЕДС останува еден од најзначајните играчи на домашниот енергетски пазар – сигурен партнер за компаниите и важен фактор за енергетската и економската стабилност на земјата.

Би можело да ве интересира

Шпанија вложува 197 милиони евра во геолошки истражувања, минералните ресурси стануваат стратешки приоритет

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 октомври 2026 изнесува 263,22 евра за мегават час, на МЕМО 249,48 евра за мегават час

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 16 октомври 2026 изнесува 269,24 евра за мегават час, на МЕМО 251,64 евра за мегават час