Србите бараат Македонија да се приклучи на брзата пруга за Белград

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ при посетата на Прохор Пчински изјави дека Србија и Северна Македонија ќе бидат уште подобро поврзани во однос на инфраструктурата.

Во своето обраќање тој информира дека трговска размена со Северна Македонија изнесува 1,5 милијарди евра на годишно ниво.

Тој најави и дека се разговара за спојување на железницата на двете земји.

„Заедно со Европејците ја градиме брзата пруга Белград-Ниш. Веќе почнуваат работите на Ниш-Брестовац, 23 километри, што е некаде околу 60-70 милиони евра. Уште 450 милиони евра ќе не чини железницата до Прешево, односно до преминот со Северна Македонија“, рече тој.

„Ќе бидеме уште подобро поврзани со Северна Македонија“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

Вучиќ: Никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува

Горан Наумовски

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Вучиќ почувствувал болка во градите, која била силна и траела кратко време

Горан Наумовски

Брнабиќ: Здравјето на претседателот е сериозно нарушено

Вучиќ е примен на Воено медицинската академија во Белград

Горан Наумовски