Србија од јануари водедува електронско аплицирање „е-странец“ за дозвола за работа за македонски државјани

Од:

„Полесна трговија, минување на стока без царини и чекање, патување без пасоши, полесно вработување во Србија, Северна Македонија и Албанија за граѓаните на тие земји, изјави српскиот министер за труд, вработување и социјални прашања Зоран Ѓорѓевиќ, објаснувајќи го за РТС договорот на претседателот Александар Вучиќ и премиерите Зоран Заев и Еди Рама за т.н. „Мал Шенген“.

Ѓорѓевиќ најави дека „Србија ќе направи чекор понатаму и почнувајќи од 1 јануари, ќе ја воведе апликацијата „е-странец“ – можност за електронско аплицирање во амбасадите на Србија за добивање однапред виза за престој, како и можност за паралелно аплицирање во Националните служби за вработување, со што забрзано ќе може и пред пристигнувањето на работниците во Србија, да се добие дозвола за работа.

-Секој граѓанин на Северна Македонија или Албанија, границата ќе може да ја помине со лична карта или пасош и кога ќе влезе во Србија ќе може електронски да аплицира, тој или работодавчот, преку мобилен телефон или преку интернет, да аплицира за продолжување на рокот за престој од 90 дена, со што ќе може воедно да биде пријавен и во Централниот регистер, рече министерот Ѓорѓевиќ, дополнувајќи дека со тоа за странскиот државјанин ќе важат истите правила и процедури како и за српските работници.

Според него, Србија работи на предлогот на нацрт договорот, кој треба да се усогласи и да се верификува во српското собрание и кој подразбира дека исти услови ќе имаат и српските граѓани кои ќе бараат работа во Северна Македонија и во Албанија.

-Ние вчера го завршивме драфт-договорт и разгорите со колегите од другите земји се во тек и ќе влеземе во процедура и очекувам сето ова да оди многу бргу, изјави Ѓорѓевиќ, кој додаде дека „Србија сака да биде атрактивна, да нема лимит кога е во прашање работната сила.“

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница