Србија идната година ќе има 30 до 40 отсто гас од други снабдувачи

Од:

Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, денеска изјави дека Белград прави се за оваа зима да има доволно гас и дека преку поврзувањето со други земји Србија, покрај рускиот, ќе може да купува гас и од други добавувачи, јави дописникот на МИА од Белград.

-Не ја искористивме можноста да направиме некои работи во претходните години, но верувам дека сега ќе работиме забрзано за повеќе да не зависиме само од еден снабдувач со гас. Следната година, во септември, Србија ќе го заврши гасоводот Ниш-Димитровград (кон Бугарија), и преку тој гасовод ќе може да пристигнува гас од други добавувачи, пред сè од Азербејџан и од ЛНГ терминалот во Грција. Следната година ќе можеме да добиеме најмалку 30 до 40 проценти гас од други добавувачи. Веќе разговараме со Министерството за енергетика на Азербејџан за закуп на капацитети за следната година. Дотогаш имаме договор со Руската Федерација, можност да складираме гас и во Унгарија, како и залихи во нашиот магацин во Банатски Двор и работиме на тоа да се осигураме дека ќе има доволно се, рече Михајловиќ на ТВ Хепи.

Таа додаде дека за гасната безбедност е особено важно поврзувањето со соседите и дека Србија планира да изгради гасни интерконекции и со Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Романија.

Зборувајќи за транзицијата кон почисти извори на енергија, таа рече дека за Србија е важно да изгради нови енергетски капацитети, пред сè да започне изградбата на реверзибилни хидроцентрали, Ѓердап 3 и Бистрица, кои се важни за балансирање и безбедност на снабдувањето кога ќе се зголеми користењето на обновливите извори на енергија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Русија ја предупреди ЕУ: Ќе платите повеќе ако Украина не се согласи за транзит на руски гас

Приходите од руската нафта и гас се зголемени за 62 отсто

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа