Србија да не врши ГМО анализи на оризот, ќе бара Македонија на Мешовитиот комитет

Од:

Седумчелна делегација утре во Белград ќе ја претставува Македонија на првиот состанок на Мешовитиот комитет што го договорија министрите Љупчо Николовски и Расим Љајиќ.

Отворени ќе бидат повеќе прашања чие надминување би требало да го олесни протокот на стоки меѓу двете земји и да ја зголеми размената.

– Ќе бараме веднаш, од утре, да нема задржување на нашите прехранебни производи на српска граница, нешто што српските служби можат многу лесно да го регулираат. Контролите за квалитет на пратките да се вршат на местото на истовар, а не на граница, како што правиме ние. Задржувањето на производите на граница, во царинските испостави, значат чување во несоодветни услови, што, пак, подразбира повисоки трошоци и помала конкурентност, вели за МИА Трајан Дикмовски од МЗШВ, кој го предводи македонскиот тим во Комитетот.

Според него, ќе биде побарано и, додека се вршат анализите од српска страна, македонските камиони да ги истоварат производите во соодветни складишта за тие таму да се чуваат, а не на граница, како што дозволува Македонија.

– Резултатите од анализите да се чекаат во складиштата, а не на граница, е барањето на Македонија, дополнува Димковски.

Македонија ќе бара од Србија и да и ги признава анализите, односно да не ги контролира повторно производите веќе контролирани кај нас во акредитираните лаборатории, за да не ги задржува на граница. Вакво барање, како што информира Димковски, има и од српската страна. Во оваа насока е и заедничката иницијатива за потпишување спогодба за фитосанитарна соработка и безбедност на храна.

Комитетот ќе разговара и за целосно укинување на маркичките на брашното, но тоа ќе биде возможно само ако се согласат стопанските комори од двете страни, и од Македонија и од Србија.

– Ова беше и тука разговарано, дел од заклучоците од средбата на министрите Николовски и Љајиќ каде децидно стои дека е возможно „ако е на барање на двете комори, и на српската и на македонската“. Само во таков случај македонија ќе пристапи кон законски измени во овој контекст, нагласува Димковски.

На состанокот најпрво ќе се разгледаат заклучоците од средбата Николовски – Љајиќ во Скопје кои се всушност и сонова за работата на Комитетот. Потоа ќе се пристапи кон разгледување на поединечните иницијативи што ќе ги изнесат делегациите.

Димковски открива дека Србија ќе бара да се разгледаат „мерките и процедурите кои доведуваат до проблеми при извозот на компир во Македонија“, како и долгото задржување на пратките на граничниот премин до завршувањето на лабораториските анализи“.

– Србите имаат три иницијативи: заемно признавање на фито-сертификатите, разгледување на „спорните“ процедури за компирот и потпишување мемеморандум за признавање документи издадени од лаборатории за „индустриски непрехранбени производи“, вели Димковски.

Македонските стопанственици, додава Димковски, се пожалиле дека Србија врши ГМО анализи на македонскиот ориз и поради тоа ги задржува на граница или во царинските испостави. И тоа ќе биде една од темите на утрешниот состанок во Белград.

Во македонскиот тим на Комитетот се претставници од Министерството за земјоделство, Царинската управа, Државниот инспекторат за земјодлство, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и стопанственици.

– Од работата на Комитетот очекуваме да бидат укинат поголемиот дел од нецаринските бариери со што нашите извозници би биле во многу поповлна позиција и поконкурентни на српскиот пазар, истакнува Дикмовски во разговор за МИА.

Ова е прв состанок на Мешовитиот комитет кој, согласно првичните најави, требаше да се одржи денеска, но беше одложен од српска страна.

Формирањето на Комитетот произлезе од средбата на министрите Љајиќ и Николовски по средбата во Скопје на 7 март, кога беше поостигнат и договор за увозот на српското брашно во земјава.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени