(ВИДЕО) Спасовски: Во план е да инвестираме две милијарди евра за изградба и реконструкција на патната инфраструктура

Од:

Досега инвестиравме речиси една милијарда евра во изградба и реконструкција на патната инфраструктура, а во план е да инвестираме дополнителни две милијарди во следните неколку години, најави денеска премиерот Оливер Спасовски кој заедно со градоначалниците на Општина Гази Баба Борис Георгиевски и на Општина Бутел Велимир Смилевски изврши увид во работите на патот Раштак – Бутел.

Овој пат, вели тој, што ги поврзува општините Бутел и Гази Баба преку Раштак беше оштетена и целосно необезбедена сообраќајница.

– Граѓаните во овој регион најдобро знаат колку години се мачеа да патуваат по еден таков небезбеден пат. Владата преку Агнецијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој даде поддршка за изградба и проширување на патниот правец Раштак – Бутел во должина од пет километри во висина од 16,7 милиони денари. Патот ќе биде проширен со поставена нова асфалтна подлога, а ќе биде изграден и потпорен ѕид, соопшти Спасовски.

Владата, додаде тој, на Општина Гази Баба и додели 40 милиони денари за изградба на уште два локални патишта, односно изградба на локален пат од Страшинци кон Виниче во должина од два километра и за изградба на локален пат од основното училиште во село Булачани кон Викенд населба во должина од 1100 метри.

– Овие три проекти ја потврдуваат грижата на Владата за секој човек и за секое населено место. Не правиме никакви разлики и вложуваме еднакво за сите граѓани. Ги развиваме руралните места и вложуваме во изградба на неопходната инфраструктура. Покрај овие патни правци извршивме целосна реконструкција на локалниот пат Јурумлери – Долно Лисиче – Драчево каде од локален пат полн со дупки кои при најмал дожд возилата не можеа да се движат по него, сега е целосно реконструиран со нова асфалтна подлога и целосно безбеден за учесниците во сообраќајот, нагласи Спасовски.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто