Спасовски: Очекувам успех во издавањето на еврообврзницата

Од:

Премиерот Оливер Спасовски денеска изјави дека во текот на денов се прават анализи, подготовки и разговори околу најавеното издавање на еврообврзницата за што е почната постаката.

-Се уште е рано да кажеме. Почна постапката Во текот на денов се прават сите анализи, подготовки и разговори итн, врз основа на што ќе има и подетални информации. Очекувам дека ќе имаме успех во ова, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање, по увидот во градежните активности во ТИРЗ Скопје 2.

Министерката за финансии Нина Ангеловска во февруари годинава најави дека државата по изборите ќе издаде еврообврзница во износ од 500 милиони евра. Откако настапи здравствено економската криза Владата првично најави задолжување на меѓународниот финансиски пазар од 400 милиони евра, но потоа одлучи директно да премине на варијантата на издавање еврообврзница.

Ангеловска на крајот на април изјави дека еврообврзницата ќе биде издадена кога ќе бидат создадени најповолни услови.

Нашата држава досега има издадено шест еврообврзници.

Според податоците на Министерството за финансии, годинава за враќање доспеваат 705 милиони евра, а од нив веќе се исплатени 155 милиони евра по основ на заемот од Светска банка од 2013 година. За следната година за враќање доспеваат 936 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Барањето за еврообврзницата во Правда стигнало два дена по констатираната оставка на Тупанчевски

Димитриеска Кочоска: Откажувањето на еврообврзницата го сруши угледот на земјата

Словенија издаде еврообврзници со рок на враќање од 60 години

Жарко Настоски

ЕУ ја издаде втората обврзница за помош на работниците во висина од 14 милијарди евра

Жарко Настоски

Mакедонската еврообврзница издадена на 700 милиони евра со камата од 3,675 отсто

А1он

Европски економисти со поддршка за издавање еврообврзници

Ана Ололовска