Создаден најголемиот кредитор во ОАЕ

Од:

Првата банка на Персискиот Залив и Националната банка од Абу Даби завршија со спојување, со што е создаден најголем кредитор во Обединетите Арапски Емирати.

Имотот се проценува на 180 милијарди долари, а ќе работи под името Прва банка на Абу Даби (First Abu Dhabi Bank).

– Ова е момент за промени за Абу Даби, за регионот и пошироко, изјави Абдулхамид Саед, главен извршен директор на банката.

Според него, главни приоритети на тој кредитор се во согласност со визијата и амбициите за раст на Абу Даби и ОАЕ.

Абу Даби кој поседува околу шест отсто од светските резерви на нафта, спои две најголеми домашни банки за да стане конкурентен спрема ривалите и да ги зајакне своите можности за кредитирање и да обезбеди финансирање, бидејќи Емиратите се борат со ниските цени на „црното злато“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин се сретна со шефот на Обединетите Арапски Емирати

Ана Ололовска

ОАЕ ќе испратат амбасадор во Иран, градат подобри односи

Ана Ололовска

Бенет во неочекувана посета на ОАЕ

Ана Ололовска

Франција преговара со ОАЕ за замена на руската нафта

Ана Ололовска

Израел го потпиша првиот договор за слободна трговија со арапска земја

Ана Ололовска

Прв случај на мајмунски сипаници во ОАЕ

Ана Ололовска