Состанок на сите директори во АД ЕСМ, се зголемува планот за производство за целосно задоволување на потребите од електрична енергија

Од:

Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕСМ, и директорите на сите подружици, денеска одржаа состанок во ХЕС Црн Дрим во Струга, на кој се расправаше за зголемување на планот за производство за 2022 година.

– Владата на Р. Северна Македонија на последната затворена седница го задолжи АД ЕСМ да обезбеди 100% електрична енергија за ЕВН Хоме за потребите на граѓаните и малите потрошувачи за периодот јули-декември 2022г., по цена од 48e/MWh. За зголемувањето на планот за производство земени се предвид динамиката на ископ на јаглен во сопствените рудници, можностите за нејзино интензивирање, постапките за набавка на јаглен и мазут, набавката на гас, движењето на цените и достапноста на енергенсите на регионалниот пазар, и можностите за оптимизирање на потрошувачката и заштеда на средства, соопшти ЕСМ.

– За второто шестмесечје од 2022г.. ЕСМ законски може да понуди електрична енергија од само 60% од потребите, но во тој случај Универзалниот снабдувач би набавувал 40% по цена на берзите, кои стигнуваат и до 360e/MWh, што би значело енормно покачување на крајната цена за граѓаните, се додава во соопштението на ЕСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Горан Наумовски

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов спорведен во Кривичен суд