„Солвеј“ ја испитува можноста за отворање на рудникот „Кадиица“

Од:

Рускиот инвеститор „Солвеј“ ја испитува можноста во новиот рудник „Кадиица“ кај Пехчево експлоатацијата на рудата да се врши или површински како што е рудникот „Бучим“ или со подземен коп, како што се рудниците „Саса“, „Добрево“ и „Тораница“.

Заменик менаџерот на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов вели дека дека инвестициите при отворањето на рудникот без разлика дали е површински или подземен коп ќе бидат поголеми.

Инвеститор „Солвеј“, кој е сопственик на рудниците за бакар и злато „Бучим“ и на рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица смета дека и понатаму треба да биде во опција подземно лужење на рудата во Кадиица, која засега како метода е непозната во овој регион.

– Прво треба да се напомне дека рудникот „Кадиица“ е многу сиромашен рудник со бакар и ние работиме со долна граница, значи анализата се прави со долна граница на експлоатација 0,15 проценти на бакар што е многу ниско и ќе ги согледаме сите параметри врз искуствата наши, врз искуствата на други рудници и треба да оцениме во кој правец ќе се движиме, вели Николов.

Тој истакна дека инвестори сметаат дека и понатаму треба да биде во опција и експлоатацијата на рудата со подземно лужење.

– Очекуваме сега кога ќе се формира новата Влада дека ќе пристапиме кон обновување на сите тие разговори, а се со цел да се направи и не само да се отвори тој рудник, туку тој рудник економски да работи, вели Николов.

Во моментот рударските експерти од Природно-Техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ ја изработуваат студијата за експлоатација на рудата во „Кадиица“ по пат на површински коп.

Деканот на Природно-Техничкиот факултет, Зоран Панов вели дека овој проект на кој тие работат треба да покаже дали на овој нов рудник кој треба да се отвори ќе може експлоатацијата на рудата да се врши површински.

– Еве пак ќе кажам и покрај тоа што е прерано, но информациите покажуваат дека е можна површинска експлоатација. После овие податоци инвеститорот ќе одлучи дали ќе оди понатаму, во физибилити студија за да потврди колку точно тоа би било како инестиција и дали ќе ја прифати или не, посочува Панов.

Според негови анализи, првиот тон руда од новите рудници за бакар и злато Кадиица, Иловица, Златица –Платица може да се очекува по пет години.

– Знаете дека рударството е побавна дејност, потребно е време на истражување, но и имплементација на самиот проект, пред да почнете треба да направите инфраструктурни објекти, треба да набавите опрема. Голема опрема не се набавува пред, односно најмалју година до две , па можеби и три. Еве сега да купите и да имате колку сакате пари, на пример еве да купувам сега дампери, а ми требаат 10 кои се 150 тонски и тоа ги купувам од најпозната фирма, тие ќе ви кажат дека испораката е по две или три години. Значи не можете да очекувате дека сега или утре ќе може да почне некој рудник да работи, нагласи Панов.

Според него, источниот и југоисточниот регион во текот на наредниот период се очекува да има најголеми инвестиции во рударството.

Би можело да ве интересира

Се исцртува ли визија за развојот на рударството во Македонија со формирањето на ново министерство

Горан Наумовски

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on

ССЕРИ: Бесправно ни се стопирани паричните текови од страна на АД ЕСМ

Ана Ололовска

Бектеши контра Асоцијацијата за рударство, најважно е здравјето и безбедноста на граѓаните

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шахпаска: Рударите добиваат бенифициран стаж

Ана Ололовска

Усвоени законските измени, рударите ќе се пензионираат со навршен пензиски стаж

Ана Ололовска