Претставници на бизнис заедницата денеска ќе изнесат свои видувања за реалната пазарна вредност на авторските права.
На прес-конференција во Стопанската комора на Македонија за согледувањата на бизнис заедницата ќе зборуваат Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија и Александар Нарашанов, менаџер за политики и комуникации во Американската стопанска комора во Македонија.