Собраниската дебата за ребалансот на Буџетот ќе почне на 1 август

Од:

На 1 август Собранието ќе ја започне петдневната расправа за ребалансот на Буџетот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери 11. седница со една точка на дневен ред Дополнет предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година ја закажа за 1 август во 10 часот.

Се очекува Владата за време на викендов да го врати ребалансот на Буџетот во Собранието, откако тој беше усвоен на седницата во петокот.

Со Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат финансиски средства согласно со потребите на буџетските корисници.

Вкупните расходи со ребалансот на Буџетот се проектирани на 203.312.000 илјади денари, приходите на 184.745.000 илјади денари, а дефицитот 18.567.000 илјади денари.

Целта, според предлагачот, е да се намалат непродуктивните трошоци и обезбедување простор за реализација на политиките на новата Влада.

Се крати од ставките за службени патувања, рекламирање, службени патувања и економски презентации, со што се обезбедува простор за буџетирање нови мерки за поддршка на граѓаните и фирми како што се минималната плата, решение за стечајците, поддршка за малите и средните претпријатија и земјоделците, укинување на радиодифузната такса и слично.

Би можело да ве интересира

Помина предлог законот за електронските комуникации заради регулирање на онлајн игрите на среќа

Собранието ги донесе измените-трговците на мало се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите

Утре пред Собранието законските измени за сметководителите

А1он

Законот за бранители не пројде на дневен ред во Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

Пратениците ги изгласаа измените и дополнувањето на Законот за работни односи

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски