Собранието изгласа продолжување на кризните состојби поради недостиг на електрична и топлинска енергија

Од:

Пратениците денеска изгласаа продолжување на кризните состојби поради недостиг на електрична и топлинска енергија. Продложувањето на кризната состојба е поради недостиг на електрична енергија на територијата на целата држава, како и недостиг на топлинска енергија во главниот град.Oвие кризни состојби ќе се прогласат од утре (1 октомври) и ќе важат до крајот на април 2023 година.

Продолжувањето на рокот на постоење кризна состојба на целата територија на државата поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија беше изгласано со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.

Предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба на подрачјето на град Скопје поради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, пак, беше изгласана со 86 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.

Би можело да ве интересира

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски