Собранието денеска расправа за ребаланс на Буџетот

Од:

Собранието на Македонија денеска расправа за ребаланс на Буџетот за 2012 година. Како главна причина за денешниот дневен ред се наведува кризата во Европа, намалувањето на економска активност во земјава и лошите временски услови во почетокот на годинава.

Ребалансот на Буџетото се наведува дека е неопходен за остварување на предвидениот раст за оваа година како и за натамошно одржување на макроекономската и социјалната стабилност и подобрување на ликвидноста на стопанството.

Општото намалување на економската активност од јануари до март предизвика дефицит на Буџетот од 4,229 милијарди денари или 0,9 отсто од БДП. Тој е последица на остварени буџетски приходи во износ од 31,8 милијарди денари и буџетски расходи во износ од 36,329 милијарди денари. Иако се повисоки за 1,2 отсто од лани, тие се под годишаниот проектиран износ. Проекцијата за растот на БДП за годинава е 2,5 отсто.

На предложениот ребаланс беа поднесени 473 амандмани, од кои не беше прифатен ниту еден.

Би можело да ве интересира

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски