Со законски измени ќе се регулира пазарот на брашно

Од:

Брашното ќе може да се става во промет само ако има контролна маркичка, со него ќе може да тргува исклучиво оператор регистриран за таа дејност, а количините што ќе се увезат ќе мора да се сместат во магацини со соодветни услови за чување и да се испитаат во овластени лаборатории за квалитет, содржина на влага, пепел,…

Ова се некои од измените на Законот за квалитет на земјоделските производи што денеска беше поддржан од собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Целта на измените е долгорочно регулирање на пазарот со брашно. Тие не се носат за уредување на пазарот само оваа година, туку напротив, од нив се очекуваат долгорочни ефекти, рече ресорниот заменик министер Зоран Коњановски,

Според него, може јасно да се види дека последниве години цената на лебот и условите за откуп на пченица се релативно стабилни. Владата ќе проодлжи да ги штити интерсите на земјоделците, но и ќе внимава со своите потези да не повреди некои од договорите за трговија.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата