Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Од:

Во далечната 2000 година Коста Шапков беше 55-годишен машинобравар. Сега има речиси 80 години, се радува на своите внуци и на секој нов ден. Први март 2000 година, 16 часот се денот и часот кои тој вечно ќе ги памети, како почеток на неговиот втор живот. Шапков беше првиот пациент во Клиника Жан Митрев, кога врз него беше изведена првата бајпас операција во Македонија.

Пред неколку години, Шапков скромно изјави дека „некој морало да биде прв“.

„Ете, мене така ми се погоди. Не се надевав дека со мене и моето име ќе се испише историјата“, рече Шапков.

И основачот на клиниката, д-р Жан Митрев, овој датум и овој час ќе го памети вечно, бидејќи тогаш се ставија темелите на тогашната Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“, која подоцна прерасна во Клиника Жан Митрев, а тој ја изведе првата бајпас операција. Зафатот траеше повеќе од четири часа и заврши успешно, а во една прилика, д-р Жан Митрев изјави дека оваа операција била неговата најтешка, опишувајќи ја како „операција на духовното срце на Македонија“ и реализација на една визија, означувајќи нова ера во македонската кардиоваскуларна хирургија.

Кочанчанецот Шапков во далечната 2000 година почувствувал болка во градите, веднаш се упатил во болница и бил препратен во Скопје. На скопската клиника му било кажано дека таква интервенција не може да се направи и како опција му била препорачана Бугарија.

„Таму јас не можев да одам, а веќе имав чуено за д-р Жан Митрев и сакав да се оперирам кај него. И по некое време навистина добив телефонски повик, да дојдам и да почнам со испитувањата. Кога дојде д-р Жан Митрев, ми рече, Коста, тебе прв ќе те оперираме, работата е критична. Јас реков оперирајте, мора некој да биде прв“, раскажа Шапков.

Оттогаш поминаа 25 години, а оваа визија продолжи да се развива, со што Клиниката Жан Митрев се етаблира како лидер во медицинската иновација и врвната здравствена нега во регионот.

Во 2002 година, клиниката ја изведе првата операција на отворено срце врз буден пациент, што исто така претставуваше значителен напредок во медицинската пракса.

Понатаму, продолжија да се бројат успесите, иновациите и воведувањето нови напредни медицински технологии. Годинава, Клиника Жан Митрев одбележува 25 години постоење, а срцето на првиот пациент сѐ уште силно чука, како сведок на почетокот на првото отворање на вратите на хируршките сали кои ќе ја сменат иднината на кардиоваскуларната хирургија во Македонија.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

Симпозиумот „Водичи во пракса“ организиран од Клиника Жан Митрев ги донесе европските упатства преточени во реални клинички одлуки

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев