„Смарт ФорФоур“ на пазарот веќе од следната година

Од:

Тест возилото на новата генерација „Смарт ФорФоур“ деновиве е забележен на зимско тест возење.

Подолгата верзија на „ФорТу“ моделот во кое конечно ќе може да се сместат четири патници на улиците треба да се појави веќе следната година.

Стандардниот „ФорТу“ ќе остане монденски двосед наменет за жените возачи, додека новиот „ФорФоур“ ќе го продолжи меѓуосовинското растојание и ќе стане посериозно градско возило.

Автомобилот така ќе има и заден чифт врати, а ќе го задржи и заднинскиот погон на помалиот „брат“.

Се очекува во поставата на моторот да има трицилиндарски турбо бензинец во верзиите од 84 и 104 КС. Двата модела ќе ја делат платформата каква што ќе користи и новиот „Рено Твинго“.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on