Дали Словенија е пред банкрот? Дали Словенија ќе биде шестата држава која ќе бара финансиска помош од ЕУ. Паника создаде изјавата на премиерот Јанез Јанша
„Доколку Словенија во октомври не продаде обврзници, и се заканува банкрот, предупредува Јанша.
Јанша додаде дека Словенија сега речиси е невозможно да се задолжи на маѓународните финансиски пазари.
Ова е прв пат Јанша јавно да зборува за можен банкрот, бидејки до сега владата цело време истакнуваше дека може да се носи со финансиските проблеми.
Словенија кон средината на наредната година треба да исплати рата од две милијарди евра за долгови и камати, а според зборовите на Јанша, тоа нема да биде можно ако оваа есен не се усвојат потребните мерки.