Словенија денеска на меѓународниот финансиски пазар се задолжи за 500 милиони евра преку државни обврзници со рок на доспевање од 60 години, што е најдолг таков рок досега, соопшти словенечкото Министерство за финансии.
„Издадени се 60-годишни обврзници во вредност од 0,5 милијарди евра, со принос до доспевање од 0,70 проценти и каматна стапка од 0,6875 проценти, што е споредливо со условите за позајмување за земји како Франција и Белгија, соопшти словенечкото Министерство за финансии.
Ова е второ издавање државни обврзници оваа година, откако Словенија издаде 10-годишни обврзници во вредност од 1,75 милијарди евра на почетокот на јануари, за првпат со негативна каматна стапка, и а емисијата на 30-годишни обврзници ја дополни за уште 250 милиони евра.
Вкупно, Словенија обезбеди 2,9 милијарди евра долгорочно финансирање за потребите на државниот буџет под поволни услови оваа година, во согласност со програмата за финансирање на Владата.
Новото задолжување, меѓу другото, отплати 1,65 милијарди евра веќе достасан долг и камата, а дополнителни 1,95 милијарди евра долг доспеваат до крајот на оваа година, соопшти Министерството за финансии.
Според последните проценки на Министерството, јавниот долг на Словенија до крајот на годината ќе достигне 37,7 милијарди евра или 82,4 проценти од БДП, како резултат на зголемените буџетски потреби, но трошокот за каматата на тој долг ќе падне за 0,1 процентен поен, до 1, 6 проценти од БДП, што се должи на поволниот кредитен рејтинг и историски ниските каматни стапки.