Словенија деноноќно работи да го стабилизира банкарскиот систем

Од:

Словенија деноноќно работи да го стабилизира банкарскиот систем без да смета на надворешна помош, изјави словенечкиот премиер Аленка Братушек, јави ДПА.

– Јасно ни е дека не не очекуваат лесни времиња. Приоритет ни е да го стабилизираме банкарскиот систем и работиме деноноќно за тоа, изјави Братушек синоќа во Брисел.

Словенечките банки беа на удар поради зголемениот удел на лошите кредити, поради што меѓународните кредитни агенции го намалија кредитниот рејтинг на повеќе банки.

Плановите за создавање во јуни на лоша банка, која ќе држи „токсични“ активи, ќе го реши тој проблем, рече Братушек.

Љубљана ќе продолжи да ги консолидира државните финансии, ќе почне приватизација и ќе најде нов капитал за зајакнување на економијата и за зголемување на работната подвижност, вети словенечкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски