Словачка резервирана кон планираниот евроданок на финансиски трансакции

Од:

Иако меѓу 11 земји на еврозоната веќе е договорена зајакната соработка во областа на даноците на финансиските трансакции, веќе се најавуваат пречки за целосна имплементација на договореното, јави дописникот на МИА од Прага.

Според најавите, Словачка која учествува во зајакнатата соработка, ќе се обиде да воведе неколку изземања.

Резервираност изрази и Италија, додека Чешка и Велика Британија најавија дека ќе се трудат за измени однадвор.

Данокот на финансиските трансакции (ФТТ) прво требаше да функционира во сите земји на ЕУ, но некои од членките беа против и дел од еврозоната (Белгија, Естонија, Франција, Италија, Германија, Португалија, Австрија, Грција, Словачка, Словенија и Шпанија) одлучи да биде воведен нов данок самостојно во рамки на режимот на зајакната соработка.

Оригиналниот предлог предвидува дека оданочувањето во висина 0,1 проценти во трговија со обврзници и акции и 0,01 посто за деривати ќе ги вклучува сите финансиски трансакции во кои најмалку една од страните живее во една од единаесетте земји.

Минатиот месец, Италија не се согласи со тоа во оданочувањето да бидат вклучени трансакциите со државните обврзници, што би довело до намалување на приходот од ФТТ.

Кон Италија сега се приклучи и Словачка. Словачкото Министерство за финансии ќе настојува од одданочувањето да бидат изземени не само државните обврзници, туку и пензиските системи и некои од нефинансиските компании.

– Некои институции, како што се Словачките електрични централи и Словачката гасна индустрија, потенцијално може да паднат во рамките на опсегот на овој данок, особено во поглед на нивните трансакции при трговијата, смета словачкото Министерство за финансии.

На воведувањето на данокот од финансиските тансакции во Словачка се спротивставува и домашната банкарска Асоцијација (СБА), која го смета за прилично ризичен.

Во Чешка овој данок наиде на критики од страна на премиерот Петр Нечас, кој стравувајќи дека може да ги погоди и земјите кои нема да го прифатат во тој контекст најави и можност на тужба во Европскиот суд на правдата (ЕСП).

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он