Скоро 90 проценти од граѓаните не го виделе општинскиот буџет

Од:

Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) на денешната панел дискусија „Подобрување на процесите на локално буџетирање во Северна Македонија“ презентираше наоди од истражување и индексот на отвореност на општините.

Фокусот на истражувањето беше ставен на афирмирање на четири главни компоненти: транспарентност, отчетност, вклученост и поддршка на маргинализираните групи во процесот на планирање и реализирање на општинските буџети.

– Резултатите од анкетата покажаа дека граѓаните сметаат оти постои делумна транспарентност во локалниот буџетски процес. Откривме дека 89,6 проценти од граѓаните не го виделе општинскиот буџет или неговата граѓанска верзија (т.е. поедноставена презентација на општинскиот буџет). Додека 95,1 процент од граѓаните ја немаат видено завршната сметка на општинскиот буџет во последните две години. Препораки на нашите истражувачи се: Подобрување на финансиската писменост, Веб-платформа за локални буџети, Законски измени за промовирање на транспарентноста, инклузивноста, одговорноста и правичноста, информираат од ЗМАИ.

Целта на истражувањето беше да се предложат начини за подобрување на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во буџетските процеси на локално ниво во Северна Македонија, со цел да се зголемат ефикасноста на локалните буџети и нивото на задоволство на граѓаните за јавното трошење.

Интервјуата со вработените во локалната самоуправа како што велат од ЗМАИ, покажале дека општините организирале формални активности за вклучување на граѓаните во процесот на подготовка на буџетот, главно јавни дебати.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати