Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници во зимската сезона

Од:

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред се на проиширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“.

Скопскиот аеродором планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе од лани, а белградскиот 518 илјади. На аеродромот во Охрид, пак, се очекува зголемување од 24 илјади патници, објави специјализираниот портал „Ex-Yu aviation“.

Речиси сите аеродроми во поранешна Југославија го зголемуваат својот расположлив капацитет во споредба со минатата година.

Аеродромот во Загреб ги комплетира првите три со најголем раст во регионоот, со 176 илјади патници повеќе од зимската сезона 2024/25, а главен двигател таму е „Кроација ерлајнс“, која ja проширува својата флота и мрежа.

Четврти по раст се очекува да биде аеродромот во Сараево со 113 илјади патници, тузланскиот планира зголемување за 96 илади, љубљанскиот за 91 илјада, а аеродоромот во Ниш за 88 илјади патници.

Севкупно, пазарите на поранешна Југославија оваа зимска сезона нудат 13.165.258 седишта на редовни летови во 84.633 авио операции.

Најпрометна меѓународна дестинација кон која се насочени авиоператерите од регионот, е аеродромот во Истанбул, со 473.568 патници, по што следуваат Цирих со 414.502 и Истанбул Сабиха Гокчен со 342.704.

За оваа зима досега вкупно се закажани 26 нови рути од аердормите во поранешна Југославија.

Би можело да ве интересира

Хаосот поради маглата продолжува, откажани и одложени летови од скопскиот аеродром

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Откажани и пренасочени летови на скопскиот аеродром, маглата направи хаос

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, има откажани и летови што доцнат

Катерина Ѓуровски

Поради силен ветер два авиони не можеа да слетаат во Скопје, пренасочени се кон Приштина

А1он

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром