Скопјани може да очекуваат поевтино парно во следната грејна сезона

Од:

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски очекува скопјани да плаќаат поевтино парно греење во следната грејна сезона.

-Актуелната грејна сезона заврши пред малку и до крајот на јуни, како што е вообичаено, компанијата „БЕГ снабдување“ ќе треба да направи порамнителни сметки за да видиме дали авансните сметки што досега ги плаќаа потрошувачите ќе се намалат или ќе се зголемат. Според првичните согледувања, порамнителните сметки ќе бидат за одреден процент намалени, бидејќи просечните температури беа нешто повисоки од тоа што РКЕ го утврди во својата одлука, вели Бислимоски.

Исто така, додава, околу 70 проценти од произведената топлинска енергија во Градот Скопје оваа година доаѓа од ТЕ-ТО.

-Тоа е особено битно, бидејќи РКЕ во изминатите две години ја намали за 15 проценти производната цена на ТЕ-ТО во однос на цената која ја имаат топланите во Скопје. Очекувам и тоа да има позитивно влијание врз цената за топлинска енергија, порача Бислимоски.

Би можело да ве интересира

Од денеска до 30 април, парно треба да има ако температурата е 12 степени

Поскапува парното за 5,03 отсто

ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Горан Наумовски

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски