Според Сојузниот завод за статистика, минатата година секој петти Германец бил сиромашен.
Податоците покажуваат и дека жените се потешко погодени од сиромаштијата отколку мажите.
Според податоците на Заводот, минатата година животот на околу 16 милиони луѓе бил оптеретен со сиромаштијата, односно не можеле да ги плаќаат тековните сметки, или барем секој втор ден да имаат пристоен оброк, да одат на одмор или да си дозволат автомобил.
Особено тешка е ситуацијата кај жените, каде квотата на сиромаштијата изнесува 21,3%, 19.9% од младите под 18 години биле сиромашни, додека кај лицата над 65 години процентот е помал 15.3%.
Бројот на сиромашни лица помеѓу 18 и 64 години е поголем од германскиот просек, покажува статистиката, која и го дефинира поимот за сиромаштија – секој оној кој заработува помалку од 60% од просечната заработка се смета за сиромашен.
Во Германија долната граница на заработката е 848 евра месечно.