Синот на Роман Абрамович стана бизнисмен во нафтената индустрија

Од:

Синот на рускиот милјардер Роман Абрамович е вклучен во бизнисите на неговиот татко и веќе го направи првиот договор во нафтената индустрија на Русија.

Аркадиј Абрамович кој има само 19 години е најстарото дете од првиот брак на Роман Абрамович. Тој има акции во компанијата „Золтав“ и ги искористи парите за да набрзина го приграби едно од најбогатите нафтоносни полиња во Сибие, за што се платени 46 милиони долари.

Компанијата „Золтав“ која 45 отсто е во сопственост на „АРА-Капитал“ на Роман Абрамович, со купувањето на една друга помала комапнија, практично, го зеде под контрола нафтоносниот извор во Западен Сибир, еден од најголемите во Русија.

Компанијата на таткото Абрамович „АРА-Капитал“ најави доплнителни вложувања од 20 милиони долари во штотуку земениот извор, за да може да го зголеми бројот на своите акции. „Залтав“ која досега беше само инвестциона фирма, сега најавува забрзано префрлање во експлоататорскиот и производствениот бизнис, кога станува збор за нафтата.

Пред осум години Роман Абрамович ги продаде сите акции на тогашната нафтена компанија „Сибнефт“ на руската држава за 13 милијарди долари и веднаш стана еден од најбогатите луѓе во Русија. На возраста на својот син Аркадиј тој има почнато мал бизнис, продавајќи пластични патки-детски играчки по пазараите. Во големиот бизнис се вклучи подоцна, откако се запозна со Борис Березовски. Тие двајцата сега важат за „смртни“ непријатели и политички противници.

Би можело да ве интересира

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца