Синдикати и здруженија: Регулаторна веднаш да ја повлече одлуката за поскапување на струјата

Од:

Синдикатите и здруженија од земјава најостро реагираат на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за 7,4 проценти и бараат таа веднаш да биде повлечена.

– Револтира што одлуката се носи во екот на најголемата криза од поновото време, кога илјадници луѓе остануваат без работа или добиваат намалување на платите, како и во период кога се обелоденуваат разни малверзации од страна на фирми кои добивале државна помош, а не исплаќале плати на вработените. Со ваква штетна предлог одлука уште еднаш се потврдува дека најголемиот удар од кризава ќе биде врз економски најранливите и работниците, се вели во соопштението од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ).

Оттаму посочуваат дека револтира образложението на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, дека цената морала да се покачи, поради намалените приходи на енергетските компании.

– Профитот на големите монополски компании не смее да биде пред јавниот интерес и обврската на државата да ги штити посиромашните граѓани, наведуваат од ССНМ.

Додаваат дека револтира и тоа што одлуката се донела преку ноќ, без никаква јавна консултација, среде лето, пред продолжен викенд и државен празник, кога граѓаните немаат многу простор да реагираат на неа.

– Одлуката се носи и во пост-изборен период, кога не е конституирано Собранието и нема избрано нова Влада, поради што е спорен и нејзиниот легитимитет, бидејќи ова не е техничка одлука. Ова е политичка одлука, со сериозни политички и социјални последици, која ќе ги засегне сите граѓани на оваа држава на долг период, стои во соопштението.

Од ССНМ укажуваат и дека многу европски држави во кризава донеле одлуки со кои ги одложиле или ги покриле сметките за струја за сиромашните граѓани, или пак ја намалиле цената на струјата.

– Нашата држава, која има највисока сиромаштија и невработеност во цела Европа, има уште поголема обврска да донесе некоја таква мерка, наместо да покачува цени. Поради сето ова, бараме Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја повлече Одлуката за поскапување на струјата!, се подвлекува во соопштението.

Потписници на Повелбата за солидарност и здруженијата и организациите за заштита на човековите и работничките права се Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС), Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независен академски синдикат (НАкС), Левичарско движење Солидарност, Хелсиншки комитет за човекови права, Здружение на граѓани Гласен текстилец, ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена и Субверзивен фронт.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите