Шукова: Економијата е во слободен пад, СДСМ нуди излез со седум економски мерки

Од:

За само осум месеци сведоци сме на драматично влошување на економската состојба во државата и опаѓање на животниот стандард на граѓаните, рече на прес конференција потпреседателката на СДСН Каја Шукова.

– Последните економски податоци се загрижувачки. Се е поскапено, цените на храната се зголемени за 20%, а некои производи се покачени и повеќе. Државниот завод за статистика измери дека трошоците за живот пораснале за 4,9%. Сметките за струја се зголемени од 20% до 30% а парното владата го покачи за нови 5% – што е силен удар врз семејните буџети. И другите економски параметри се лоши. Индустриското производство е во пад од 1,4% а извозот е намален за 5,9%. Странските инвестиции веќе си заминуваат, таков е примерот со компанијата „Аптив“ а има најави и за нови затворања на фабрики, вели Шукова.

Таа потети на мерки кои ги предлага СДСМ.

1. Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18% на 5% со што сметките за струја на граѓаните ќе се намалат за дури 13%. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе штедат околу 400 денари.

2. Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи со што граѓаните ќе заштедат 2.000 денари месечно или 12.000 денари годишно.

3. Замрзнување на цените на основните прехранбени производи за следните три месеци.

4. Фиксирање на маржите за основните прехранбени производи.

5. Итно спроведување на Законот за нефер трговски практики со што цените ќе се намалат и до 30%.

6. Намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили.

7. Зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите. Оваа мерка ќе опфати 350.000 граѓани, со месечни зголемувања од 3.000 до 15.000 денари.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против реформи во правосудството затоа што ќе нема место за оние на нивен телефонски повик како Кацарска, Трпков, Коцевски и Рускоска

СДСМ: Откако се покачија, Владата ги замрзна цените, тоа е нова манипулација

(ВИДЕО) Цветановски: Не работи единствениот државен ПЕТ скенер – продолжува голготата на онколошките паценти

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

(ВИДЕО) Лукаревска: Економијата во земјата е во слободен пад, граѓаните имаат се помалку пари

Тренчевска: Власта да прифати намалување на ДДВ-то за струја на пет отсто и укинување на ДДВ за храна