„Штутгартер Цајтунг“: Компанијата „Северен тек 2“ оди во стечај

Од:

Компанијата „Северен тек 2“, задолжена за истоимениот гасовод меѓу Русија и Германија, наскоро ќе покрене стечајна постапка, изјави лидерот на компанијата Матијас Варниг за германскиот весник „Штутгартер цајтунг“.

Непосредно пред рускиот напад на Украина, Германија го стопираше проектот. САД воведоа санкции за компаниите и највисоките членови на управата, додека самата компанијата потоа ги отпушти сите вработени.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на 22 февруари соопшти дека Германија го суспендира „Северен тек 2“ како одговор на руското признавање на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина. Шолц побара од германското регулаторно тело да ги прекине постапките за обезбедување на потребните дозволи за негова изградба.

Украина и САД го поздравија таквиот потег на Берлин, а следниот ден американскиот претседател Џо Бајден нареди воведување санкции против „Северен тек 2“ и целосната управа на компанијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Калас и европски министри за надворешни во Украина на Денот на Европа

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ВИДЕО: Украина тврди дека Русија напаѓа и покрај едностраното примирје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русите го нападнаа Киев, најмалку двајца мртви

Катерина Ѓуровски

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

ВИДЕО: Хаос и во Русија и во Украина пред примирјето што го најави Путин

Катерина Ѓуровски