Бензинските станици на Кипар од денеска ќе бидат затворени на неопределено време, јавуваат локалните медиуми.
Сопствениците на бензинските станици протестираат против, според нив, неконтролираната изградба на бензински станици на островот. Тие бараат властите да прекинат со издавање лиценци, се додека Парламентот не изработи и усвои критериуми за отварање на нови бензински станици.
Портпаролот на кипарската Влада изјави дека Министерството за внатрешни работи сериозно е ангажирано во решавањето на овој проблем.