Што вклучува договорот на еврогрупата за Грција?

Од:

Кредиторите на Грција се согласија за пакет мерки со кои грчкиот долг ќе се намали за 40 милијарди евра, со што до 2020 година ќе изнесува 124 проценти од бруто домашниот производ, јави дописникот на МИА од Атина.

По повеќе од 12 часа разговори, министрите за финансии на земјите од еврозоната, ММФ и ЕЦБ се договорија во почетокот на декември на Грција да и се дадат вкупно 43,7 милијарди евра, сума во која се вклучени три транши, од кои 31,5 милијарди се блокирани повеќе од шест месеци.

Според „Катимерини“, Грција до крајот на годинава ќе добие 34,4 милијарди евра, од кои 23,8 милијарди се наменети за рекапитализација на грчките банки и за исплата на плати и пензии, но остатокот од помошта (9,3 милијарди евра) што се очекуваа наредниот месец, ќе бидат исплатени во три транши на почетокот на следната година.

Министрите исто така се обврзаа да преземат понатамошни чекори за намалување на долгот на Грција до „значително под 110 проценти“ во 2022 година – што е најочигледно признавање дека од 2016 година можеби ќе треба да се отпишат некои долгови. Во 2016 година се предвидува Грција да постигне примарен буџетски суфицит. Сето ова под услов Грција целосно да ги исполни своите обврски и да ја спроведе програмата за реформи.

– Кога Грција ќе го постигне примарниот суфицит и ќе ги исполни сите услови, ние, ако треба, ќе разгледаме понатамошни мерки за намалување на вкупниот долг, изјави германскиот министер за финансии Волфанг Шојбле.

За да се намали долгот на Грција, министрите се согласија за намалување на каматната стапка на официјалните кредити, го продолжија нивното доспевање од 15 на 30 години, а на Атина и дадоа 10-годишно одложување на отплатата на каматите.

Тие исто така ветија дека ќе и дадат 11 милијарди евра од профитите во нивните национални банки кои се собрани од купувањето на ЕЦБ на намалените грчки државни обврзници на секундарниот пазар.

Министрите исто така се согласија да ја финансираат Грција за да ги откупи назад сопствените обврзници од приватните инвеститори по целна цена од околу 35 евро центи.

– Земени заедно, овие мерки ќе помогнат да се врати долгот на Грција до одржлива патека и да се олесни постепено враќање на финансирање на пазарот, изјави шефот на ММФ Кристин Лагард.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција