Што се на Грција и беше понудено на маса и што одби?

Од:

Tportal.hr – Загреб

Сириза имаше втора опција. Во саботата имаше понуда која беше прифатлива и оваа грчка влада ја пропушти можноста, изјави економскиот аналитичар Велимир Шоње, гостувајќи во емисијата „Отворено“ на ХРТ на тема за Грција, откако пропаднаа преговорите меѓу Грција е земјите-членки на еврозоната за продолжување на рокот за отплата на долгот на ММФ во износ од 1,6 милијарди долари, а грчката Влада ги затвори банките до недела 5 јули, за кога е распишан референдум за реформи.

Кои се опциите за расплетот на кризата во Грција и дали Грција може и како би излегла од еврозоната, значи ли тоа пропаст за еврото и Европа како што најави германската канцеларка Ангела Меркел? Тоа се само некои од многуте прашања по пропаѓањето на преговорите, а Шоње на ХТВ изјави:

– Сириза го сакаше ова, но не сакаше гласно да го каже. Тешко е да се каже дека Грција ја уценува ЕУ. Политичарите имаат цврст став да не го плаќаат долгот кој преостана. Отпишани им се 107 милијарди евра главно на товар на приватните инвеститори. Тоа е четврто отпишување на долг во историјата, според висина.

Шоње: Што е толку проблематично во барањата на Грција?

Кога ќе се погледне она што беше на маса во саботата, степенот на концесијата кој и е понуден на Грција, е нешто што навистина на нив им одеше на рака. Владата на Сириза настојува да добие нови концесии, нови отписи, нови повластици, можеме така да кажеме, кои Европа во овој момент не е подготвена да ги даде. вели Шоње кој поработи на предложениот договор за да најде нешто што е на трагот на тезата дека од Грција се бара нешто енормно и вели дека навистина не му било јасно што е проблемот:

– Европската унија се откажа од реформите на пазарот на трудот и се зборува за почеток на консултативен процес кој ќе ја вклучи Меѓународната организација на трудот, што е едно од барањата на Варуфакис, кое е прифатено. Што се однесува до даночниот систем, Европа се согласи да се зголеми данокот на добивка од 26 на 28 отсто, значи, не е тоа никаков интерес на корпорациите. Европа тука исто така пишува дека треба да се зголеми, односно да се консолидира прогресивноста на даночниот систем во данокот на доход. Понатаму, ние живееме во земја која има ДДВ од 25 отсто, а тука се зборува за ДДВ од 23 отсто, средни стапки од 13 отсто, која е идентична како кај нас и оваа најниската која кај нас е пет, а во Грција беше шест. И затоа мојата теза е дека Грција можеби ова го посакуваше од некоја подлабока политичка или идеолошка причина, заклучува Шоње.

– Во Грција вкупно 10 отсто вработени работат во потесно дефинираната држава, што е околу 40 отсто повеќе од Хрватска, релативно гледајќи и тоа е издувување на еден вештачки создаден балон од зголемениот долг, и тоа за жал трае долго. Некои земји, како тие од северниот дел на Европа, во тоа успеаја брзо, па и Ирска имаше многу значаен напредок и влезе во фаза на раст. Но, Грција поради својата економска структура, која е лоша и поради многу хировитата политичка култура, во тоа едноставно не успева, вели Шоње.

Тој додаде и дека за штедењето постојано се зборува генерално како проблемот со штедењето де е на секаде ист и постојано за тоа разговараме низ перспектива на Грција, а забораваме дека во ЕУ околу 10 до 15 отсто земји повеќе или помалку поминаа изработени програми во кои е извршена фискална консолидација, т.н. штедење, значи намалување на дефицитот, уредување на државните финансии. Во крајна линија, низ историјата е познато дека не постои функционална економија, подобра или полоша, без здрави јавни финансии.

– Грчката економија е фундаментално слаба, беше некое време меѓу 2000 и 2008 година на стероиди, потпомогната со куп пари, односно долг, меѓутоа, основите на таа економија не беа многу променети. Имаат релативно конкурентен туризам, индустрија речиси немаат, имаат дури многу помала извозна моќ од нас и денес според реалниот БДП се на ниво на една Словачка, што е се уште 20 отсто над Хрватска и затоа слушаме за пензии кои се 2,5 пати поголеми од кај нас и така натаму. Меѓутоа, прашање е кога ќе се поклопи реалниот и финансискиот аспект, предупредува Шоње.

Хорват: Политичарите во ЕУ сакаат да го заплашат гласачкото тело

Среќко Хорват, филозоф и публицист тврди дека Сириза не сакала банките да се затворат на една недела, но немала друга опција освен да распише референдум. Европските политичари се инволвираа во процесот на референдумот и тоа е опасно.

Тие сакаат да го заплашат гласачкото тело и референдумот да не успее. Сличен референдум требаше да се случи во 2011 година кога сакаше да го распише тогашниот грчки премиер Јоргос Папандреу, но беа заплашени, што сега тоа нема да се случи. За танго треба двајца: и грчката политичка и европската политичка елита.

– Сириза ја префрла одлуката на народот и тоа ги изненади политичарите во Европа. Се чини дека нема директни врски на народната волја и на политиката на некои земји во ЕУ. Политичарите од ЕУ ќе бидат инволвирани во референдумот. Премиерот Ципрас е неодамна избран и има свежа демократска легитимација. Грција до сега често користеше вето во одлуките на институциите на ЕУ и има вишок надворешна политика за својата големина и економска сила, истакна Дејан Јовиќ, професор на Факултетот за политички науки во Загреб.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица