Што ќе и донесе приватизацијата на Грција?

Од:

Грција очекува од програмата за приватизација на државните компании и инфраструктурните објекти, да добие 26 милијарди евра директни инвестиции.

Грција најмногу, околу 10 милијарди евра очекува од поранешниот меѓународен аеродром на Атина во Еленика, а пет милијарди евра од автопатиштата, пренесува атинскиот весник Катимерини, вели директорот на грчкиот фонд за развојни средства Такис Атанасопулос.

Грчките власти од програмата за приватизација очекуваат и 115.000 работни места до 2016 година, што ќе се зголеми на 140.000 до 2020 година.

Според планот на Владата на Андонис Самарас, приватизацијата на државните компании и инфраструктурни објекти треба да биде завршена до 2014 година.

Грчките медиуми претходно објавија дека руските компании Гаспром и Синтез заинтересирани се за купување на грчката национална гасна компанија ДЕПА и дека од тој договор се очекуваат околу 1,5 милијарди евра. Грција се наоѓа во тешка финансиска криза и зависи од помошта на меѓународните кредитори.

Европската тројка на доверители, составена од ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд / ММФ / и ЕЦБ за кредити, бара од Атина, покрај ригорозните мерки за штедење, конкретни чекори на планот на приватизацијата и спроведувањето на структурните реформи.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција