Шпаркасе банка доделува три стипендии за Универзитетот во Грац

Од:

Шпаркасе Банка и Штаермеркише Шпаркасе во соработка со Универзитетот во Грац годинава ја продолжуваат програмата „Најдобрите од Југоистокот“ за доделување едногодишни стипендии за усовршување и стажирање на студенти и дипломирани лица од областа на економијата и правните науки од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Во Македонија програмата се реализира во соработка на Шпаркасе Банка Македонија, Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методи‘‘, а од годинава и Правниот факултет „Јустинијан Први‘‘.

Рокот за доставување на апликациите е 8 март, а право на учество во финалниот избор во Грац имаат тројца победници од секоја од земјите учеснички кои се бираат врз основа на воспоставени критериуми и ќе бидат познати во април годинава. Од сите нив во мај ќе бидат избрани 10-те победници кои ќе добијат стипендии. На тројцата финалисти од Македонија ќе им се доделат дополнителни награди од страна на Банката.

Целта на програмата е да се унапреди образованието, меѓународно искуство и пред сè влезот во професионалниот свет на студентите и дипломираните кадри.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата