Шојер ја критикува соработката во ЕУ: Колони камиони на границите

Од:

Германскиот министер за транспорт, Андреас Шојер го критикуваше недостигот на договор на европско ниво за прекуграничен товарен транспорт, затоа што на границите се формираат големи колони камиони.

-Малку сум незадоволен од европскиот пристап, изјави Шојер за германскиот јавен сервис АРД.

Тој рече дека транспортот на стоки функционира и оти снабдувањето на продавниците во Германија е загарантирано.

Сепак, тој укажа дека има големи колони камиони на границите.

– Тоа можеме да го решиме само билатерално, затоа што не постои никаков европски договор за прашањето на граничните режими, истакна Шојер.

Тој рече дека поради тоа мора да го решава овој проблем со многу директни телефонски разговори со властите, пред во Полска и Чешка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он