Шојбле: За три недели можен е договор за Грција

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле е оптимист дека меѓународните кредитори можат да ги надминат разликите и во период од три недели да се договорат за продолжување на финансиската помош за Грција, но само ако „се оди во најдобар ред“.

Шојбле денеска во Брисел изјави дека во текот на вчерашниот ден во напнати разговори не бил постигнат договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а „една земја членка“ на ЕУ одбила да ги прифати сите предложени решенија.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Шојбле одби да прецизира која е земјата која се противи на договорот за продолжување на финансиската помош за Грција.

Според германскиот министер за финансии, кој во Брисел учествува на состанок на земјите членки на Еврозоната, Германија не блокира ништо, туку само ги почитува правилата.

– Доколку се биде во ред, договор може да се очекува на состанокот закажан за јуни, најави Шојбле.

За разлика од ММФ, кој бара кредиторите да одпишат дел од грчкиот долг за да може земјата да продолжи со реформите и целосно да излезе од кризата, Еврозоната и Германија во прв ред бараат Атина да покаже видливи и темелни резултати во реформите, пред да добие намалување на надворешниот долг.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит